
Ова едногодишно растение ползавец, кое потекнува од Јужна Америка, расте во висина 2-4 m. Листовите му се најчесто срцелики, поставени наизменично на разгрането и со мали влакненца прекриено стебло, а цветовите во облик на инка во бела, розова, сина, виолетова или црвена боја.
Се одгледува од семе кое најчесто се сее во април, но семето е издржливо па може да се насади и порано и покасно. Можно е и да презими, па да никне кога ќе се стабилизира времето и ќе се затопли, отприлика во втората половина на мај. Расте многу брзо и на стеблото му треба потпора околу која би растело нагоре.
Семето се сади веднаш на предвиденото место бидејќи не е потребно пресадување, најдобро на директно сонце. Садете ги на далечина од 10-12 cm. Цвета од јуни, па се до доаѓањето на првите мразеви. Кога ќе прецветаат цветовите и ќе почне да прави семе треба да го отстраните за да го одржите бујното цветање.