Ова ниско растение кое ползи, има црвенкасто стебленце и иглести, сукулентни
ливчиња. Цветовите може да бидат еднослојни или полни, во разни бои: бели, жолти,
портокалови, розови, црвени, виолетови ... Се затвараат во самрак, а повторно се
отвораат следниот ден.
Најдобро успева на сончеви места каде е земјата сиромашна и песоклива. Посадете
го во камењарот, на сончеви падини или во сандаче на балконот на јужна страна. Ако
го садите во садови внимавајте да има добра дренажа (ставете искршени цигли или
камчиња). Земјата треба да е помешана со песок. Залевајте го многу малку, а вишокот
вода одлијте ја од подлошката.
Не сака пресадување, па затоа се препорачува да се посее директно на местото каде
ќе расте во почетокот на април. Најчесто и само се расејува, така да кога еднаш ќе го
посеете, многу е веројатно дека ќе никне и следната година.