Гипсофилата често ја сретнуваме во аранжманите со ружи и бидермаерите, а нејзината убавина може да биде употребена за красење на дворовите. Расте во Европа и Азија, а само во Турција има околу 35 различни видови.
Ниско расте, па може да се користи како „простирка“ или жбун. Нејзината висина се движи од 10-80 cm.
Има мали ливчиња кои се линеарни, со боја од сива до сино-зелена. Цветот може да биде бел, розов или виолетов.
Гипсофилата претежно се одгледува во каменити градини бидејќи опстојува на сува, песочно -чакалеста подлога. Најдобро и годи тло со добра дренажа. Се сее во месец март и во тој период ѝ е потребно многу светлина.
Во мај месец се расадува директно во земјата, кога веќе е доволно зајакната. Таа не сака влага и добро поднесува суша.
Размножувањето може да се врши со семе, но и со резници.