
Потекнува од американските тропски предели и има околу 30 видови, главно како зеленести растенија со назабени или рамни листови. За собни услови најпогодна е Iresine herbstil Auresticulata со светло зелени листови и златно-жолти жили, Biemuelleri со светло зелени листови и златно-жолти жили, или Walisii - најмала од сите со тркалезни бронзени-кафени-црвени или темно црвени листови.
Кај сите видови на долната страна листот е црвен и одлично го покриваат тлото. Најраспространета е Iresine herbstii, која има висина 20-40 cm и е грмушкеста.
Тоа е едногодишно растение кое треба да се обновува секоја година, па може да се пинцираат неколку повеќе пати годишно, со што се добива грмушкест облик. Бара добро, хранливо тло и залевање со одстоена вода за да не се случи отфрлање на листовите. Добро успева на светло и сончево место, а успешно поднесува директна сончева светлина.

Се размножува секоја година со резници, кои се добиваат од матичното растение кое презимило во топла просторија на температура 18-21°C. Лесно се закоренува, па може резниците да се забодуваат во супстрат.
Не е склоно на болести, но доколку е на температура под 10°C може да ги отфрли лисјата, што може да се случи и ако се залева со студена вода. Може да страда и од растителни вошки.