Ова декоративно повеќегодишно растение потекнува од јужна африка и има околу 70 видови и многу хибриди. Има висечко стебло со срцевидни листови и крупни цветови наредени во грозд кои може да бидат црвени, розови и портокалови, но хибридите ги има во сите бои. Обилно цвета во пролет и есен, со пауза од средината на јули до септември.
Во зависност од видот може да се одгледува во градината или во висечки саксии. Расте до 30-45 cm во височина, но има видови кои достигнуваат до 120 cm. Посадете го на умерено сончево место. Полевајте го редовно, но умерено, бидејќи преголемата влажност може да доведе до гниење на кореновиот систем.
Прихранувајте го на секои 2 седмици. За да се продолжи времето на цветање треба да ги отстранувате прецветаните цветови.
Се размножува со резници кои многу лесно закоренуваат. Резниците треба да бидат од врвот, а најдобро е тоа да се прави во ноември. Посадете по 5 резници за да добиете убав грмушкаст облик.