Ова декоративно едногодишно растение потекнува од Бразил и нема лековити дејства како Salvia officinalis, ниту ароматични како Salvia sclarea (жалфија). Најчесто се сади Salvia splendens која е висока околу 30 cm и го привлекува вниманието со своите црвени цветови наредени во клас. Има темнозелени срцевидни листови, а со редовно пинцирање на младото растение и со откинување на овенатите цветни класови ќе се развие во густа грмушка.
Посадете ја на сончево место во градината или во саксија. Може да ја комбинирате со
агератумот бидејќи бараат еднаква нега, а интересна е комбинацијата на црвени и сини цветови, темни и светли листови. Бара многу влага и добра хумусна почва, а најдобро е да ја садите на растојание од 30 cm.
Постојат многу видови на салвија, некои растат дури до 1 метар. Најчеста боја на цветовите е црвена, но има видови и со бели, розови или виолетови цветови.