Ова растение потекнува од тропските прашуми на Јужна Америка каде некои видови живеат на дрво како епифити, а некои на земја. Има повеќе видови кои се одгледуваат во домот и може да бидат со мазни или листови со длабоки жили и интересни цветови во бела, зелена или кафена боја кои на стебленца се издигаат над листовите.
Чувајте го во топла просторија со температура над 16°С на светло место, но не на директно сонце. Многу е битно да обезбедите доволно влага во воздухот затоа редовно оросувајте ги листовите или ставете ја саксијата на превртена мала подлошка, па во поголема подлошка каде ќе ставате вода. Внимавајте водата да не го допира дното на саксијата.
Најдобро успева насадено во мала саксија, во лесна, растресита, песоклива мешавина на земја. Ако има потреба, пресадете го во пролет и овозможете му добра дренажа.
Се размножува со лисни резници. Во пролет одрежете лист со петелка од околу 2 cm која ќе ја ставите директно во земја и покријте ја со тегла.