Ова растение името го добило по обликот на цветовите кои наликуваат на напрсток и се гроздесто наредени на стеблото.
Расте високо, па затоа треба да го насадите во позадина за да не ги сокрие останатите растенија. Подобро успева во полусенка отколку на директно сонце и сака влажно тло. Затоа треба редовно да се полева, особено во периодот кога цвета. Земјата во која се сади треба да се збогати со хумус или да се прихранува.
Напрстокот е двогодишно растение кое се сее на есен за да цвета следната година од јуни до август. Најчесто и само се осеменува и околу големото растение никнуваат мали кои треба да се пресадат во пролет. Кога ќе прецвета одрежете го стеблото и покријте го коренот. Вака постои шанса растението да презими и на многу ниски температури.