Лозицата е собно растение ползавец кое се вбројува во таканаречените пречистувачи на воздух. Со време може да прерасне толку што ќе го прекрие целиот ѕид. Најчесто се чува на полиците или во високи жардиниери.
Постојат голем број видови на собни лозици, кои водат потекло од пределите на Австралија и Јужна Америка, а кај нас најчести се Cissus antartica i Cissus rhombitolia.
Cissus antartica, која води потекло од Австралија, има изрецкани листови со средна големина, кои потсеќаат на винова лоза.
Собната лозица не поднесува прејако сонце, па најдобро да ја ставите на прозор кој гледа кон север или исток. Во текот на летото залевањето треба да биде два пати неделно, со претходна проверка на влажноста на земјата, а во зима еднаш во две седмици. Најсоодветна температурата во просторијата е околу 15 степени, а во лето околу 20.
За време на вегетацијата потребна и е прихрана на секои две недели, но со умерени раствори бидејќи не поднесува силни концентрации на ѓубриво. Препорачливо е и повремено благо да се оросува со вода.
Кога растението ќе ја надрасне саксијата, може да се пресади и два пати во текот на годината. На почеток на пролетта скратете ѝ ги главните фиданки за да го задржи грмушкестиот изглед.
Размножувањето е на пролет со млади фиданки од здраво растение. Треба да се избере фиданка кој има пар листови, веднаш до главното стебло. Пред садењето отстранете ги листовите и засадете ја во мешавина на тресет и песок, а потоа треба добро да се залее. Преку саксијата треба да се навлече пластична кеса за да се заштити нежното растение, а температурата треба биде од 16 до 18 Целзиусови степени. Земјата не треба да се дозволи да се исуши. Фиданките на лозицата брзо закоренуваат, а потоа треба да се пресадат во стандардна земја за цвеќе.