
Овој сукулент има прекрасна розета креирана од листови во јајчеста форма. Листовите се во сино-розова боја, но прекриени со бела восочна прекривка, па изгледаат дека се бели. За да се сочува восочната прекривка треба да не се допираат и да се внимава при полевањето да не се намократ листовите. Листовите се долги 3-5 cm, широки 1,8-3cm, а дебели 0,8-1,7 cm, густо наредени на стебленце, па затоа розетата е густа и полна.
На пролет може да процвета. Измеѓу листовите растат стебленца кои завршуваат со цветови во облик на ѕвоно, од надвор бели, внатре црвени, а во средината имаат мноштво жолти прашници.
Поставете го на сончево место и погрижете се стебленцето да биде потпрено со каменчиња за да не се скрши од тежината на розетата. Полевајте го само тогаш кога е неопходно, кога земјата е многу сува.
Се размножува многу лесно, од листови кои ќе ги „боцнете“ во песок каде брзо ќе закоренат. Потоа пресадете ги во саксија со земја богата со вар.