Ова ниско растение кое ползи се сади најчесто на почетокот на градината или во каменик. Како самоникнато расте во планинските предели на Медитеранот и во Мала Азија.
Името го добило по обликот кој го добива кога ќе порасне и личи на перниче. Цвета од април до јуни, а ситните цветчиња може да бидат сини, розови или виолетови.
Посадете го на сончево место, на тло со добра дренажа. Расте многу брзо, па најдобро е малку да го поткастрите откако ќе прецвета за да не завладее со целата градина.
Се размножува со семе, делење на коренот во есен или со закоренување на резници по цветањето.