Невенот има цветови во разни нијанси на жолта и портокалова, а може да бидат само
со два реда латици или полн цвет кој потсетува на хризантема. Расте од 30-50 cm во
зависност од видот, а стеблото и листовите му се прекриени со ситни влакненца.
Се одгледува многу едноставно. Може во април да се посее директно на местото во
градината каде сакаме да расте. Најдобро на сончево место или лесна сенка. Кога ќе
никнат младите растенија и ќе им пораснат два пара листови, проредете ги на околу
20 cm за да имаат доволно простор за растење. За да добијат убав грмушкаст облик
потребно е младите гранчиња да се откинуваат.
Невенот може да се користи и како режено цвеќе во вазна, но треба да ги искинете
долните листови пред да го ставите во вода.
Лековитите својства на невенот се одамна познати, а некогаш се користел и како зачин.
Добро би било кога би го нашол своето место во секоја градина бидејќи со свој мирис ги
одбива полжавите и некои други штетници.