Шафранот е предвесник на пролетта кој може да се најде засаден во градините или како самоник на ливадите. Цветовите наликуваат на чаша за вино и може да бидат бели, жолти, виолетови или во две од овие бои. Целото растение е високо околу 10 сантиметри и има тесни и долги листови кои продолжуваат да растат и кога ќе овенат цветовите.
Расте на сончево место или во лесна сенка, во почва која е добро дренирана. Луковиците треба да се посадат во октомври на длабочина од околу 7 cm, а на далечина од 10-15 cm за да може непречено да растат. Луковиците не мора да ги вадите од земја, а ако сакате да ги размножите поделете ги во есен и повторно посадете ги.
Постои растение кое цвета во есен и многу наликува на шафранот. Има малку поголеми цветови кои се појавуваат без листови, а дури на пролет растат листовите без цветови. Тоа е есенски шафран (lat. Colchicun) кој треба да се посади во август или септември, а останатото е исто како и за пролетниот шафран.