
Ова едногодишно растение потекнува од Кина. Почнува да цвета на почетокот на август и цвета сè до првите мразови.
Постојат многу различни видови кои се разликуваат по висината и по обликот на цветовите. Може да бидат ниски (околу 20 cm) и да се садат на работ на градината или во саксии, или високи (50 - 70 cm) и да се одгледуваат како режано цвеќе.
По обликот и големината на цветот може да бидат едноставни, топчести, пердувести..., а се сретнуваат во разни нијанси на розова, црвена, виолетова, крем и бела боја.
Се препорачува да се садат на сончево место, по можност заштитено од силен ветар. Земјата би требало да биде квалитетна и треба редовно да се полеваат, да не се дозволи земјата длабоко да се исуши.
Се сеат најчесто директно на местото каде ќе растат, во април и мај, а често се случува сами да се осеменат, па на пролет да никнат млади растенија кои треба да се расадат. Младите растенија треба се покријат со малч (суви гранчиња и исечени дрвца) околу стеблото за да се задржи влагата во текот на топлите денови во лето, а на високите видои треба да им се обезбеди потпора за да може да растат исправено.