Го сакате свежото цвеќе, но никако не ви поаѓа од рака да остане такво подолго време. Еве неколку совети за подолг живот на цвеќето во вазната:
• Со остар нож накосо подрежете ги стеблата.
• Ставете го цвеќето во млака и малку одстоена вода, но никако во студена која ги зачепува порите.
• Отстранете ги долните листови, така да по можност ниеден лист да не е во водата. Потопениот лист може во голема мерка да ја извалка водата што го намалува времето на траење на цвеќето.
• Не го ставајте цвеќето близу до извор на топлина, силно сонце или провев.
• Не го ставајте цвеќето во близина на овошје или зеленчук; тие лачат етилен кој ја намалува трајноста на цвеќето во вазната.
• За да освежите ружа, ставете ја во топла вода; за 10-тина минути ружата ќе се разубави и ќе биде со дигната глава.
• За да цвеќето остане подолго време свежо, при менување на водата измијте ја вазната и во свежата вода ставете малку сол. Солта спречува развој на бактерии поради кои доаѓа до побрзо трулење на растенијата.