
Ова растение уште го нарекуваат и „слоново уво“ поради неговите големи, кожести листови во светлозелена боја кои во текот на зимата поцрвенуваат. На почетокот на пролетта се појавуваат цветови во облик на гроздови со многу ситни цветчиња во бела, розова, црвена и виолетова боја. Целото растение е високо околу 30 cm.
Најчесто се сади во градината како покривач на земјата или на работ леата. Може да расте на било која местоположба, дури и во сенка на големи дрва и грмушки. Земјата не мора да биде квалитетна, единствено е важно да биде добро дренирана.
Се размножува со делење на коренот на есен. Тоа правете го отприлика на секоја трета година за да го разретчите и на некој начин зајакнете. Внимавајте земјата да не е мокра и нежно, најдобро со вила, извадете го растението, истресете го вишокот земја и со раце одделете ги младите растенија. Секое од нив треба да има дел од коренот и листови. Младите растенија насадете ги на растојание од 40 cm и полејте ги со повеќе вода.