Постојат повеќе видови на љубичица со цветови во разни комбинации на бои или еднобојни, високи околу 15-20 cm. Се садат директно во градината или во саксии и тоа во рана пролет, а цветаат некаде до јуни.
Садете ги на растојание од 20-25 cm на сончево или полусончево место. Ако се целосно во сенка нема да цветаат, а стебленцата ќе се издолжат. Овенатите цветови задолжително отстранувајте ги за да поттикнете понатамошно цветање. Полевајте ги умерено на секои 2-3 дена.
Љубичиците може да ги посадите и од семе што е долготраен процес или да купите готови мали садници и да ги пресадите на саканото место.