Ова декоративно растение може да се посади во градината како прекривка на земјата, во камењарот, во сандачиња или во висечки саксии. Има цвет со многу ситни цветчиња кои може да бидат бели, портокалови, розови, црвени или виолетови, а листовите му се долги и заоблени, со назабени рабови и прекриени со ситни влакненца. Постојат вариетети кои растат вертикално или како грмушки со изданоци кои прават цел слап од цветови.
Вербената не е тешка за одгледување. Треба да ја чувате на сончево место, во добро дренирана, хумусна земја и редовно да ја полевате. Но не дозволувајте да остане вишок вода во подлошката. Секогаш одлијте го вишокот бидејќи не трпи мокра земја, туку само малку влажна.
За да цвета во текот на целото лето па се до доцна есен, задолжително откинувајте ги овенатите цветови и тоа со дел од стеблото до следниот пар листови. Така ќе се разграни уште повеќе.
Се размножува со семе (едногодишниот вид) и со резници и гранчињата кои се легнати на земја ( повеќегодишните видови). На младите растенија треба редовно да им ги откинувате врвчињата кога ќе израснат 2-3 пара листови за да добиете грмушкаст и разгранет облик.
Во топлите краеви често презимува, а тогаш на пролет скратете ја на околу 10 cm за да почне повторно да расте и цвета.