
Цинијата е едногодишно растение кое потекнува од Америка и Мексико, а има дваесетина основни видови од кои со вкрстување настанале многу нови вариетети.
Името го добилa по германскиот ботаничар и анатом Johann Gottfried Zinn. Семето е испратено во Европа на средината на 18 век и така почнува одгледувањето во градини.
Цветот на цинијата е многу издржлив, а стеблото е цврсто, па високите видови може да се користат и како режено цвеќе. Цветот се состои од многу мали цветчиња збиени во една целина и може да бидат едноставни, полуполни и полни. Големината на цветот е во распон од 5 до 15 cm во дијаметар, а спектарот на бои е навистина голем. Ги има во сите бои освен синa. Во висина растат од 30 до 80 cm.

Треба да се сади на сончево место во земја збогатена со компост. Се сее на топло на почетокот на пролетта, а кога ќе зајакне растението и ќе помине опасноста од мразеви се сади на одбраното место во градината.
Набрзо ќе процвета и ќе цвета се до октомври. Овенатите цветови откинувајте ги за да не се исцрпува растението. Ако се посее директно во градината на почетокот на мај ќе процвета дури во јули.